Мегапопуларната Јелена Карлеуша не би била тоа што е доколку не предизвика бурни реакции со својата појава, но и многу повеќе – со изјавите.

При вчерашната средба во Скопје, а по повод нејзиниот концерт закажан за 17 октомври, таа ни откри и една ексклузивна вест. Изрази голема желба да биде претставничка на Србија на следната Песна на Евровизија, во мај, на натпреварот во Бургас. Притоа, објасни дека нема потреба класично да се натпреварува со другите пејачи на српскиот избор, бидејќи нема сериозна конкуренција. Но, веќе има подготвено неколку прекрасни песни за Евровизија.
Најинтересно од сè е што притоа би сакала претставник на Македонија да биде познатиот Боки 13!
– А, зошто да не, јас и Боки 13 на Песна на Евровизија 2027?! Тоа е супер, а воедно и публиката од нашите две соседни братски земји би ги разменила гласовите. Тоа така оди, едни со други да се поддржуваме на таков голем музички настан. Кога можат Скандинавците, можат и поранешните југословенски браќа. Сè на сè, за евровизиската публика и јас и Боки сме тамам: оригинални, свежи, атрактивни, ексклузивни – ни раскажа доброрасположената и згодна Карлеуша, која и овој пат беше облечена како од модните списанија. (Д. М.)












