сабота, октомври 10, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност

102

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе се движи од 8 до 18 степени, а максималната ќе достигне меѓу 29 и 37 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14 степени, додека дневната ќе достигне до 36 степени.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и топло време. Ќе дува умерен, а на места и повремено засилен ветер од северен правец.

Утре се очекува локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд и грмежи.

ИЗДВОЕНИ