вторник, јуни 16, 2026
Дома СВЕТ Макрон за шегата на кралот Чарлс Трети во Белата куќа: Би било...

Макрон за шегата на кралот Чарлс Трети во Белата куќа: Би било шик Американците да зборуваат француски

176
EPA/Thibault Camus / POOL MAXPPP OUT

Францускиот претседател Емануел Макрон ја пофали шегата на британскиот крал Чарлс Трети дека без Велика Британија, Американците би зборувале француски, наведувајќи дека таков развој би бил „шик“.

За време на посетата на САД, британскиот монарх се потсети на претходната изјава на претседателот Доналд Трамп, кој во јануари рече дека без Вашингтон, Европа би зборувала „германски и малку јапонски“, и во овој контекст се пошегува дека без Велика Британија, Американците би зборувале француски.

„Тоа би било шик!“ напиша Макрон на социјалната мрежа „Икс“, коментирајќи ги зборовите на британскиот крал.

ИЗДВОЕНИ