четврток, јуни 11, 2026
Дома СВЕТ Макрон: Светот минува низ пресвртна точка, меѓународниот поредок доведен во прашање

Макрон: Светот минува низ пресвртна точка, меѓународниот поредок доведен во прашање

141
EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека светот минува низ „пресвртна точка“ во која се доведуваат во прашање постојниот меѓународен поредок и политиката на моќ, при што глобалните кризи се шират, а мултилатерализмот ослабува.

Во своето видео обраќање на Светската конференција за политика (WPC), Макрон рече дека Франција нема да биде „само коментатор“, туку сака да дејствува како „балансирачка сила“ што придонесува за мирот и стабилноста, залагајќи се за стратешка автономија и независност на Европа во донесувањето одлуки.

Тој го претстави концептот на „коалиција на независни актери“, во која земјите би се собрале околу заеднички интереси, а не околу „блокски поделби“.

ИЗДВОЕНИ