петок, септември 18, 2026
Дома СВЕТ Макрон нареди план за заштита на француската критична инфраструктура од „руски хибридни...

Макрон нареди план за заштита на француската критична инфраструктура од „руски хибридни напади“

1
Фото: EPA/Manon Cruz / POOL MAXPPP OUT

Франција се соочува со закана од руски хибридни напади во изминатите неколку недели, изјави во петокот францускиот претседател Емануел Макрон, пренесува „Франс 24“.

„Во последните недели, заканата – а особено руската хибридна закана со која се соочуваат Европејците и Франција – се засили“, им рече Макрон на новинарите по состанокот во Париз со лидерите на политичките партии, на кој се разговараше за најновите меѓународни случувања.

Макрон изјави дека наредил преземање мерки за заштита на француската критична инфраструктура и објектите на одбранбената индустрија од „руски хибридни напади“, додавајќи дека заканата од Москва ескалирала во последните недели.

ИЗДВОЕНИ