петок, јули 31, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Македонската армија побогата за 53 нови офицери/ФОТО

Македонската армија побогата за 53 нови офицери/ФОТО

1

Македонската Армија денеска доби 53 нови офицери на свечената промоција одржана на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“.

Промовирани беа 36 питомци од 26. класа, 16 слушатели од Курсот за стручно оспособување и усовршување на офицери за службите на Армијата, како и еден питомец кој дипломирал на престижната Воена академија „Вест Поинт“ во САД.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски им честита на новите офицери, нагласувајќи дека со стапувањето во офицерскиот кор преземаат голема чест и одговорност – да ѝ служат на татковината и да бидат чувари на мирот, стабилноста и безбедноста.

Тој упати честитки и до нивните семејства, како и до професорите и инструкторите од Воената академија, истакнувајќи дека нивната посветеност и професионализам биле клучни за подготовката на новата генерација офицери.

 

Промоцијата претставува значаен чекор во зајакнувањето на кадровските капацитети на Армијата и продолжување на традицијата во создавање професионален офицерски кадар.

ИЗДВОЕНИ