вторник, октомври 6, 2026
Дома МАГАЗИН Македонија со чаши вино, музика и етнотрадицијa

Македонија со чаши вино, музика и етнотрадицијa

87

Три дена на падините на Водно, во „Македонско село“!

Под мотото „Вкуси ја Македонија во чаша“, на 16, 17 и на 18 октомври, во етнокомплексот „Македонско село“, на падините на средно Водно, ќе се одржи винскиот фестивал „Винофест 2026“.

Оваа есен, во уникатниот амбиент на комплексот „Македонско село“, во подножјето на Водно, ве очекуваат три дена исполнети со вино, музика, традиција и со македонски вкусови.

Обновеното „Македонско село“ тие денови ќе биде место на средба на љубителите на доброто вино, домашните специјалитети, традиционалната гастрономија, македонската култура, забавата и на дружењето.
Посетителите ќе имаат можност да дегустираат вина од повеќе македонски винарници, да се запознаат со нивните приказни и производи, да уживаат во традиционалните специјалитети и во домашните производи, како и во богатата музичка и забавна програма, која ќе ја презентираат познати македонски ѕвезди, групи, артисти и диџеи, како, на пример, Нино Величковски, Благица Павловска, Смиља Митреска, Александар Јосифовски, Дамјан Стојаноски и други.

Фестивалот е замислен како вистинско гастро-музичко доживување за сите генерации. Тоа е спој на винската култура, македонската музика, автентичните вкусови, семејната забава и неповторливиот амбиент што го подарува „Македонско село“. Три дена за дружење. Три дена за откривање нови вкусови. Три дена музика и добра атмосфера. Три дена посветени на Македонија и на нејзината традиција.

 

ИЗДВОЕНИ