недела, јули 26, 2026
Дома РАЗНО Македонија ја посетиле повеќе од половина милион туристи

Македонија ја посетиле повеќе од половина милион туристи

70

Во првата половина од годината земјава ја посетиле 520.861 туристи, што е за 13,% повеќе од  истиот период лани, обајви  Државниот завод за статистика.

Во периодот јануари – јуни  регистрирани се 125.306 домашни туристи, што е за 2,5 %  помалку од истиот период лани, додека странските доаѓања се зголемиле за дури 19,7 % или вкупно 395.555 туристи.

Туристите во овој период направиле 980.246 ноќевања, што претставува раст на годишно ниво од 8,5 %.

Кај домашните туристи има намалување за 1,1%, а кај странските има зголемување за 13,3 %.

Бројот на туристите во јуни 2025 година изнесува 126 415, од кои 20,1 % се домашни туристи, а 79,9% се странски туристи.

Позитивни  бројки се забележани и кај ноќевањата. Во јуни се забележани  243.157, од кои 26,7 % се на домашните туристи, а 73,3 % на странските туристи.

Според податоците, во јуни најбројни биле туристите од Турција (34.366), а ги следат Србите (8.897), Германците (8.011) и Холанѓаните (3.604).

ИЗДВОЕНИ