„Во изминатите две години ЗНАМ презеде одговорност за суштински промени во два значајни ресори, во Министерството за правда и во Министерството за јавна администрација. За таа работа, за конкретните резултати и промените што ги спроведуваме во институциите, даваме отчет пред граѓаните низ целата држава. Денес, тие резултати се нотирани и во Извештајот на Европската комисија за 2026 година. Тоа е важна потврда дека она за што зборуваме и за што преземаме одговорност, не се само ветувања и политички пораки, туку конкретна работа препознаена и од нашите европски партнери“ истакна pретседателот на ЗНАМ, Максим
Димитриевски, nа панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која денеска се одржа во Крива Паланка.
Тој посочи дека Извештајот на Европската комисија нотира конкретни поместувања во правосудството, особено во донесувањето на новите закони за Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, како и новиот Закон за парничната постапка. Во јавната администрација, Европската комисија нотира умерен напредок, зајакнување на институционалните капацитети за координација и следење на управувањето со човечките ресурси, донесувањето на новите системски закони за административните службеници и вработените во јавниот сектор, Законот за високите раководители, како и воспоставувањето на Академијата за јавна администрација.
Во однос на европската интеграција, Димитриевски порача дека членството во Европската Унија останува стратешка цел, но дека е потребно поголема вклученост на европските партнери во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија.
„Членството во Европската Унија останува наша стратешка цел и ние сме подготвени да продолжиме по тој пат, но очекуваме и Европската Унија да преземе поактивна и посуштинска улога во процесот. Потребна е поголема вклученост на европските партнери во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија, со јасна заложба за надминување на отворените прашања и спречување на нови билатерални блокади и условувања. Нашиот став е принципиелен и непроменет, уставните измени треба да имаат одложено дејство и да стапат во сила по полноправното членство на Македонија во Европската Унија. Бугари во устав без гаранции нема да се случат. Тоа се нашите црвени линии и од нив нема да отстапиме.“ истакна Димитриевски. Истакна, дека резултатите од работата на функционерите на Движењето се видливи преку конкретните законски и институционални промени, кои сега се нотирани и потврдени и во Извештајот на Европската комисија за 2026 година.
Во рамки на дебатата се обратија и министерот за јавна администрација и генерален секретар на Движењето, Горан Минчев, потпретседателката на Собранието и потпретседателка на ЗНАМ, Весна Бендевска, како и директорот на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација и член на Извршниот одбор на Движењето, Злате Мехмедовиќ.
Од Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија најавуваат дека продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од
редовите на Движењето.
-Движење ЗНАМ ќе продолжи да работи со истата определба со која ја презеде одговорноста пред граѓаните, да ги менува работите, да ги зајакнува институциите и да ги исполнува преземените обврски. Отчетноста не е само осврт на сработеното, туку и обврска за она што следува, бидејќи довербата на граѓаните се оправдува со дела, а не со зборовивелат од партијата.













