Македонската машка ракометна репрезентација забележа убедлив триумф на гостувањето кај Словачка со 31:24 и со тоа е на чекор до пласман на Светското првенство кое во јануари 2017 ќе се одржи во Германија.

Тимот на селекторот Кирил Лазаров ја оправда фаворитската улога на гостувањето во Прешов, што значи за пласман на СП ќе треба само да ја одржи разликата од првиот меч на реваншот в недела во Скопје. Тој меч ќе биде само формалност, бидејќи разликата во квалитет е видлива.

Најефикасњен во нашиот состав беше Филип Кузмановски со 10 погодоци, Лазаревски запиша 7 голови, а одлична партија имаше и Томовски со 13 одбрани.

ИЗДВОЕНИ