Фудбалската репрезентација на Македонија ќе добие нов селектор, така тврди познатиот медиум од Словенија – “Екипа”.
Истиот извор открива дека во жешкото столче ќе седне актуелниот тренер на хрватскиот клуб Ријека, Матијаж Кек и додава дека веќе е остварен контакт со челниците на Фудбалската федерација на Македонија.
Според порталот, преговорите се во завршна фаза и прашање е на време кога ФФМ ќе стави крај на соработката со Гоце Седлоски.












