Британската тенисерка Џоди Бериџ беше цел на грозоморни навреди и закани со смрт откако се врати на ВТА-турнејата по 16-месечна пауза.
Нејзиното враќање не помина како што сакаше бидејќи беше поразена од Вашнави Адкар на турнирот во Ченај, по што некои корисници на социјалните мрежи почнаа да ја обвинуваат за местење натпревари. Набрзо следуваа бројни навредливи пораки, па дури и закани со смрт.
Бериџ одлучи јавно да покаже какви пораки добива, со ироничен коментар: „Добив убаво добредојде назад на турнејата. Сега се сеќавам зошто си заминав“.

Меѓу пораките имаше и грозоморна закана: „Се надевам дека ќе умреш во агонија“.
За својот случај реагираше и германската тенисерка Ева Лис, која ја одбележа ВТА и праша кога конечно ќе се преземат конкретни мерки.
Бериџ истакна дека вакви работи се случуваат речиси по секој натпревар, без оглед на тоа дали тенисерката победува или губи, а како еден од главните проблеми ги наведе обложувањето и достапноста на различни видови облози.
ВТА ја поддржа британската тенисерка и ги пријави заканите преку системот за следење на онлајн насилството. Според податоците од компанијата „Сајнифај груп“, обложувањето било поврзано со 59 проценти од сериозните прекршоци насочени кон тенисерките во текот на 2025 година.












