Триесет и тригодишниот Н.К., државјанин на Македонија е уапсен под сомнение дека синоќа усмртил 57-годишен пешак на автопатот кај Грделица додека управувал камион, а потоа го напуштил местото на несреќата, соопшти денес полицијата во Лесковац.
Пешакот починал од повредите на самото место, а полицијата го идентификувала осомничениот, кој подоцна бил пронајден и уапсен во областа Сремска Митровица.
Со наредба на Основното јавно обвинителство во Лесковац, осомничениот е приведен до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежниот обвинител со кривична пријава.
Возачот се товари за сторени кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај и непружање помош на повредено лице во сообраќајна несреќа.












