петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Упад на руски дронови во воздушниот простор на НАТО

Упад на руски дронови во воздушниот простор на НАТО

41
pexels

Беспилотно летало утрово навлезе во воздушниот простор на Естонија од насока на Русија и удри во оџак на локална електроцентрала, соопшти Службата за внатрешна безбедност на земјата.

Естонските власти информираа дека нема повредени лица, ниту е предизвикана штета врз објектот на електроцентралата.

Истовремено, локалните власти во соседна Летонија пријавија дека два дрона навлегле во нивниот воздушен простор – едниот од Русија, а вториот од Белорусија.

Засега нема прецизни информации за потеклото на беспилотните летала, но западни медиуми посочуваат дека инцидентите коинцидираат со украинскиот напад со дронови врз руското балтичко пристаниште Уст Луга. Ова пристаниште, каде изби пожар, е клучен центар за извоз на нафта и се наоѓа на само 25 километри од естонската граница.

ИЗДВОЕНИ