Мајката на Фросина: Ниту еден член од законот нема да ми го врати детето, барам максимална казна за Јованов

743

Во Основниот кривичен суд почна судскиот процес против обвинетиот возач Васил Јованов кој на 30 јануари годинава ја прегази младата студентка по дизајн Фросина Кулакова на пршачкиот премин кај Универзална сала. Во судницата се наоѓаат двете семејства, Кулакови кои седат во вториот ред во судницата веднаш зад обвинителот, и Јованови кои се оддалечени и седат во просторијата од каде новинарите го следат судењето. Присутни се мајката, таткото, сестрата, братот и дечкото на младата девојка кои побараа оштета во граѓанска постапка. Нејзината мајка Камелија во судницата имаше емотивен говор

  • Јас не сум само мајка која го изгубила своето дете јас сум човек со откорната душа јас сум гласот на Фросина која не беше само прегазена туку беше убиена на начин кој човечкиот ум не може да го прифати. Тој не се обидел ни да запре, не погледнал не почувствувал, ја фрлил со толкава сила што со главата ја скршила шофершајвната, го извиткала семафорот од другата страна на улицата. Брзината била бесконечн. Ниту еден орган не и беше поштеден коските искршени, срцето распрскани, градниот кош отворен, и така мојата Фросинче остана таму без здив . Кок член од законот може ова да ја регулира мојата болка кога заспивам и се будам со нејзината слика. Затоа бараме највисока казна за правда, да не се најде ниту еден родител во оваа голгота што ја живееме. Ве молам покажете дека правдата има лице и злосторството да не помине во сенка. Затоа барам правда и максимална казна за животот и човечноста, рече мајката на девојката која предизвика солзи и кај судијката Снежана Марковска и дел од присутната јавност.

ИЗДВОЕНИ