Во преполна сала и публика која од првите тактови ги пее нејзините песни во еден глас, Калиопи вечерва одржува концерт во Скопје, претворајќи ја музичката вечер во вистински спектакл исполнет со емоции и силна енергија.

На сцената настапи и детскиот хор „Пиколо“ кој во еден глас ја изведуваше нејзината најнова песна „Бебе“, во придружба од 12 музичари.

Преполната сала, заедничкото пеење и енергијата што се чувствува со секоја изведба, уште еднаш потврдуваат дека песните на Калиопи имаат посебно место во срцата на публиката.

Калиопи со вечерашниот концерт ја започнува својата мини турнеја во метрополите од поранешна Југославија, па по скопскиот, ќе одржи концерти и во Загреб, Белград, Љубљана, Сплит, Подгорица.













