петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Маѓар: Русија претставува безбедносна закана за Европа, мора да бидеме подготвени да...

Маѓар: Русија претставува безбедносна закана за Европа, мора да бидеме подготвени да се одбраниме

131
EPA/Tibor Illyes HUNGARY OUT

Лидерот на партијата Тиса и иден премиер на Унгарија, Петер Маѓар, изјави дека Русија претставува безбедносна закана за Европа и дека политиката на претходната влада на Виктор Орбан кон Москва била погрешна.

На прес-конференција по неговата изборна победа, Маѓарот одговори на прашање за ризиците што Русија ги претставува за Европа.

„Ги познаваме Русите – и не зборувам за рускиот народ, руската култура, рускиот народ; тие се фантастични луѓе – туку за руската мечка [и нејзината улога] во унгарската историја“.

Тој рече дека Унгарија „точно знае за што станува збор“ и дека Европа – и како заедница и како поединечни земји-членки – „мора да се подготви за тоа“ и да биде подготвена да се одбрани, објавува Гардијан.

ИЗДВОЕНИ