вторник, јули 21, 2026
Дома СВЕТ Маѓар ја предлага шаховската велемајсторка Јудит Полгар за претседател на Унгарија

Маѓар ја предлага шаховската велемајсторка Јудит Полгар за претседател на Унгарија

31
epa01073001 World class chess player Judit Polgar of Hungary, speaks to a colleague, on the opening day of the International Chess tournament in Biel, Switzerland, 21 July 2007. EPA/PETER SCHNEIDER

Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, предлага шаховската велемајсторка Јудит Полгар да ја преземе функцијата претседател на државата. Најавата ја објави на социјалните мрежи, истакнувајќи дека би му претставувало голема чест доколку Полгар ја прифати кандидатурата.

Во својата објава, Маѓар оцени дека Јудит Полгар со децении претставува симбол на талент, истрајност и интегритет и дека Унгарија има потреба од личност која ќе биде фактор на единство и ќе ужива доверба кај граѓаните.

Најавата доаѓа по уставните измени со кои заврши мандатот на досегашниот претседател Тамаш Шујок. Јудит Полгар важи за најуспешната шахистка во историјата. Таа 26 години беше неприкосновена на врвот на светската женска ранг-листа, а се најде и меѓу десетте најдобри шахисти во светот во апсолутна конкуренција.

Полгар е петкратна олимписка шампионка, меѓународен велемајстор и добитничка на највисокото унгарско државно одликување – орденот „Свети Стефан“. Нејзината животна приказна неодамна беше претставена и во документарниот филм „Кралица на шахот“.

ИЗДВОЕНИ