четврток, октомври 22, 2026
Дома БАЛКАН Моќен циклон од Медитеранот носи невреме и обилни врнежи: Какво време го...

Моќен циклон од Медитеранот носи невреме и обилни врнежи: Какво време го очекува регионот и Македонија?

0

Моќен циклон од Џеновскиот залив го зафати централниот дел на Медитеранот и областа на Алпите, носејќи мошне обилни врнежи, силни поројни дождови и невреме со грмежи. На најсилен удар се југот на Франција и Италија, а невремето сега се шири преку Јадранот кон западниот Балкан и ќе ја зафати областа од Словенија до Албанија, додека врнежите ќе стигнат и во Македонија.

Претходно, силни врнежи го погодија истокот и југоистокот на Шпанија, предизвикувајќи разорни поплави и буици.

Поплави и буици се можни на југот на Франција и во Италија, како и во областа на Јадранот.

Обилни врнежи ја зафатија и областа на Алпите. Ладниот фронт од северозапад донесе посилно заладување, па времето е вистинско есенско, со температури од само околу 10 степени.

Во повисоките делови на Алпите веќе обилно вее снег.

Снег ќе паѓа и во текот на денешниот ден, а снежната граница ќе биде над 2.000 метри надморска височина. Со понатамошното заладување, снежната граница денеска ќе се спушти и на 1.500 метри надморска височина.

Снег ќе вее во овие предели на Алпите, од југоистокот и истокот на Франција, преку Швајцарија и северот на Италија, па сè до западот на Австрија. Снегот ќе паѓа без прекин, а најбилен ќе биде на јужните падини на Алпите, каде на места ќе биде проследен и со грмежи.

Во овие предели се очекува да начне и до 20, локално дури и 30 сантиметри снег. Во пониските предели силните немири ќе донесат и опасност од локални поплави и буици.

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. По оделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во петок во утринските часови ќе има повремен локален дожд, а во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во сабота ќе се задржи стабилно време, а од недела и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд.

ИЗДВОЕНИ