Лула: Другар Путин, оди преговарај!

129

Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва изјави дека лично ќе го покани рускиот претседател Владимир Путин на средба со неговиот украински колега Володимир Зеленски во Турција за разговори за евентуален крај на војната во Украина.

Лула на прес-конференција за време на неговата посета на Пекинг, пред планираната посета на Москва на враќање во Бразил, изјави дека ќе се обиде лично да разговара за ова прашање со Путин, објави „Фигаро“.

„Не ме чини ништо да му кажам: Еј, другар Путин, оди во Истанбул да преговараш, за Бога мили“, додаде бразилскиот претседател.

Украина и Русија би можеле да се сретнат утре во Турција на директни разговори, што би било првпат Киев и Москва да одржат вакви разговори од пролетта 2022 година, според францускиот весник.

Кремљ сè уште не прецизираше дали Путин ќе присуствува на разговорите, само посочи дека ќе биде присутна руска делегација.

ИЗДВОЕНИ