четврток, јуни 4, 2026
Дома LIFE Личните карти со „Република Македонија“ ќе важат до нивно истекување

Личните карти со „Република Македонија“ ќе важат до нивно истекување

103

Личните карти со старото име, нема потреба да се менуваат, односно важат до нивното истекување, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Личните карти важат со датумот на истекување. Нема потреба да се менуваат. За личните карти не важи правилото за возачките и за пасошите. Не треба македонските граѓани да бидат кабает поради неодговорното однесување на македонските политичари во минатото“, рече Тошковски.

Министерот појасни и дека огромен број од возачките дозволи се веќе заменети со новото уставно име.

ИЗДВОЕНИ