среда, ноември 4, 2026
Дома СВЕТ Погледнете како иранската амбасада го исмеа дебаклот на Трамп/ВИДЕО

Погледнете како иранската амбасада го исмеа дебаклот на Трамп/ВИДЕО

10
Foto: Printscreen/X

Амбасадата на Иран во Индија на социјалните мрежи објави снимка генерирана со вештачка интелигенција на која неколку мажи на раце го носат американскиот претседател Доналд Трамп и го фрлаат во контејнер со „опасен отпад“.

Објавата уследи по поразот на републиканците на изборите за Конгресот.

Покрај снимката амбасадата порача „Американските меѓуизбори“ со емотикон што се смее, и со потегот го исмеја Трамп по изборните резултати во САД.

Иранските дипломатски мисии го исмеваат Трамп на социјалните мрежи откако САД и Израел кон крајот на февруари покренаа напади врз Иран.

Претходно, амбасадата на Иран во Индија, по прогласувањето на примријето, објави слика генерирана со вештачка интелигенција на која Трамп клечи пред статуа на коњаник со иранско знаме, пишува индиски Стејтсмен.

ИЗДВОЕНИ