среда, јуни 17, 2026
Дома СКОПСКА Летна читачко-креативна авантура во Карпош

Летна читачко-креативна авантура во Карпош

33

Од 16 јуни до 16 јули, библиотеката „Другарче“ станува место за дружење, креативност и многу нови приказни. Проектот „Читањето како навика, библиотеката како дом“, носи интерактивни читачки и креативни работилници за деца, каде што најмалите ќе читаат, создаваат свои приказни, ќе играат, драматизираат и ќе стекнуваат нови пријателства. Наменет е за деца од 4 до 12 години, а ќе се реализира секој вторник и четврток (во период од пет недели).

Учеството е бесплатно, а пријавувањето е преку порака на Instagram профилот: @mama_mi_chita

Од Општина Карпош велат дека ги поддржуваат иницијативите што ја развиваат љубовта кон книгата и ги поттикнуваат најмладите да ја откриваат магијата на читањето.

 

ИЗДВОЕНИ