Лепа Брена доживеа мала несреќа за време на концертот во клубот „Топ Хил“ во Будва, кога падна на сцената додека го изведуваше својот препознатлив танцов потег. Пејачката се сопна и падна, а видеото брзо се прошири на социјалните мрежи.
Непосредно пред песната „Коловоѓа“, Брена го изведе познатото замавнување со ногата, ја изгуби рамнотежата и заврши доле на сцената. Целиот момент го сними еден од обожавателите во првите редови, а видеото брзо се прошири на социјалните мрежи.
„Не си бил на концертот на Брена, ако Брена не паднеше пред вас“, се пошегува авторот на видеото, пренесува Аваз.
View this post on Instagram
Слична несреќа ѝ се случила во 1983 година на концерт во Мостар, кога паднала на сцената за време на изведбата на песната „Дама из Лондона“.
Лепа Брена имала неколку падови претходно, а по несреќата во Загреб кон крајот на 2024 година, таа била подложена на операција поради скршен глужд.












