Екипата на Лос Анџелес лејкерс ја оствари својата деветта победа по ред, победувајќи со 105:104 во Орландо, со кош на Лук Кенард на 0,6 секунди пред крајот на возбудливиот и изедначен натпревар.

Но, ѕвезда на вечерта беше Леброн Џејмс. Пред неколку дена, во Мајами, тој се израмни со центарот на Бостон, Роберт Париш, по бројот на одиграни натпревари во регуларната сезона на НБА-лигата, а сега е и лидер на оваа ранг-листа. На својот 1.612. натпревар во најсилната кошаркарска лига во светот, тој придонесе за новата победа на Лејкерс со 12 поени, шест скока, четири асистенции и три украдени топки.

Лука Дончиќ беше најефикасен играч на теренот, во дресот на калифорнискиот тим постигна 33 поени, но ја доби и 16. техничка грешка, што значи забрана за играње на следниот натпревар доколку не биде поништена казната.

ИЗДВОЕНИ