сабота, јуни 13, 2026
Дома СВЕТ Лавров: Војниците, а не разговорите, ќе ја одлучат судбината на војната во...

Лавров: Војниците, а не разговорите, ќе ја одлучат судбината на војната во Украина

125
Фото: EPA/RAJAT GUPTA

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го критикуваше неодамнешното отворено писмо од украинскиот претседател Володимир Зеленски до неговиот руски колега Владимир Путин, велејќи дека Москва ги отфрла сите директни преговори со Киев и дека војниците, а не разговорите, ќе ја одлучат судбината на војната во Украина, објави „Еуроњуз“ на својата француска веб-страница.

Лавров го осуди отвореното писмо, нарекувајќи го сурово и рече дека „’ќе зборува оружјето“.

Рускиот министер нагласи дека Москва не го цени фактот што писмото „кружело низ целиот свет“, тврдејќи дека „луѓето со добри манири не се однесуваат така“.

Лавров рече дека за Кремљ „ова покажува дека Украина нема интерес за преговори“, и покрај бројните обиди на Киев да се вклучи во разговори со Москва.

Минатата недела, украинскиот претседател објави отворено писмо до Путин, во кое предложи директни разговори меѓу двајцата лидери.

Путин го отфрли предлогот на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, наведувајќи дека „не гледа поента во средбата со Зеленски“.

ИЗДВОЕНИ