Во рамки на проектот „Рециклирај и донирај“, во текот на 2025 година биле собрани вкупно 6.567,5 литри отпадно масло за јадење од домаќинствата, информираа од здружението „Љубезност“. Оттаму додаваат дека како награда за своето учество, домаќинствата добиле свежо масло за готвење, а дел од нив одлучиле оваа награда да ја донираат на здружението „Љубезност“.

– Беа донирани 524,5 литри масло за готвење, кои беа распределени на социјално загрозени семејства – корисници на услугите на здружението – велат од „Љубезност“ .

На ова количество, компанијата „Суниленс“ се вклучила со дополнителна донација од 384 литри масло за готвење.

– Тоа значи дека вкупно беа донирани 908,5 литри масло за готвење за поддршка на семејства на кои оваа помош навистина им е потребна. Овој резултат уште еднаш покажува дека кога граѓаните, компаниите и граѓанските организации дејствуваат заедно, можеме истовремено да придонесеме и за заштита на животната средина и за поддршка на најранливите – нагласуваат од „Љубезност“ .

ИЗДВОЕНИ