Ресен е подготвен за „Преспанскиот јаболкобер“. Манифестацијата ќе се одржи в четврток, петок и сабота. Овие три дена, на Градскиот плоштад во Ресен ќе настапат културно уметнички друштва, но и познати музички имиња и групи.
В четврток, со почеток во 20:00 часот, посетителите ќе ги забавуваат КУД „Таше Милошевски“ од Ресен, АФ „Кардешлик“ од Ресен, потоа групата Преспански мерак и Дарко Гроздановски.
Вториот ден, 25 септември, исто така со почеток во 20:00 часот ќе настапат Даниел Мехмед и Универзал бенд, Влатко Лозаноски, како и Софија Манева со К4 бенд.
Последниот ден, сабота 26 септември, е резервиран за Александра Прија, Наум Бумбаровски и Данијела Мартиновиќ и за Contrudj bend.












