Светот пред околу 24 часа доби нов папа – Лав XIV, чие вистинско име е Роберт Превост, а моментално е една од најбараните личности на Интернет. Тој по многу нешта се разликува од другите папи, па дури и кардинали, а многумина почнаа да се прашуваат каде пораснал, во какво семејство пораснал и во каква средина живеел.
Интересно е тоа што на тој начин Телеграф.рс дознава дека куќата во која пораснал, се продава.
Сопственикот на домот во кој папата Лав XIV го минал детството, во предградие на Чикаго, преку ноќ го повлекол скромниот дом од пазарот, со потенцијални планови да ја зголеми цената откако дознал дека таму живеел новиот светски лидер на Католичката црква, изјави неговиот агент за недвижнини.
– Тоа е како да сте добиле на лотарија. Кои се шансите? – изјави агентот за недвижности Стив Буџик за одлуката на сопственикот да го повлече имотот.
Каква е куќата во која пораснал папата Лав XIV?
Станува збор за мала куќа од тули во Далтон, Илиноис, која, според соседите, била окупирана од дилери на дрога откако семејството на папата се распродало. Тој беше купен минатата година од агент за недвижности, реновиран и пуштен во промет за 200.000 долари (177.000 евра), соопшти агентот за недвижности.
Меѓутоа, откако дознал за сега познатото потекло на куќата, сопственикот го повлекол имотот од пазарот и сега размислува да ја зголеми цената или дури и да ја претвори куќата во музеј или друг историски споменик.
Откако светот дозна дека Роберт Превост од Чикаго станал првиот папа на Америка, сопственикот добил четири понуди за овој дом со пет спални соби и две бањи. Скромниот дом претходно беше на пазарот повеќе од 100 дена и не беше продаден.
– Се нудеше за 200 илјади долари, но нема шанси да го продадат за 200 сега кога вредноста му е драстично зголемена. Сопственикот е возбуден и малку шокиран во моментов. Беше доста интересно последните 24 часа. Само поради сета таа активност луѓето даваат понуди, се јавуваат и сакаат да ја видат – изјави Буџик за куќата која има над 110 метри квадратни.
Куќата е реновирана откако сопственикот лани ја купил за 66.000 долари или 59.000 евра.
The owner of Pope Leo XIV’s childhood home is looking to jack up the price after yesterday’s election, @NYPost reports:
“It’s like a winning lottery ticket. What are the chances?” pic.twitter.com/wmnOfsf7Pv
— Pop Crave (@PopCrave) May 9, 2025