Во Културно-информативниот центар во Скопје (изложбен салон Империјал 2), на 11 ноември во 20 часот, ќе биде отворена самостојната изложба „Криза“ на уметникот Андреј Антевски, добитник на наградата „Борко Лазески“ за 2025 година. Наградата „Борко Лазески“ која го носи името на основоположникот на современото монументално сликарство во Македонија се доделува повеќе од 30 години, а е формирана од фамилијата на авторот и Факултетот за ликовни уметности – Скопје (ФЛУ) за најдобриот студент од сликарскиот оддел на факултетот.

– Од стекнувањето независност во 1991, земјата постои во продолжена транзициска состојба. Ветувањето за демократија и европска интеграција честопати се судирала со живите реалности обележани со политичка поларизација, корупција и слаби јавни институции. Корупцијата не е само политичко прашање, туку и психолошка и културна состојба што го обликува јавното однесување и општествената доверба… Во оваа атмосфера, уметничкото изразување станува средство за разоткривање на невидливи структури на моќ. Уметникот е позициониран не само како набљудувач туку и како сведок на институционалното распаѓање и социјалната исцрпеност.

Уметничките одговори на овие реалности можеби не нудат директни решенија, но создаваат емоционални и интелектуални простори каде што овие тензии можат да се препознаат и критички да се испитаа, се вели во најавата на изложбата која ќе биде отворена до 22 ноември.

 

ИЗДВОЕНИ