И ноќеска продолжува борбата со огнената стихија во селото Лозани, во Могила. Со паѓањето на мракот се отежнува гасењето, бидејќи е невозможно да се дејствува од воздух.
Денеска огнот се доближи до куќите во селото, но опасноста да ги зафати беше надмината. Сепак од фотографиите и видеата се гледа дека состојбата и понатаму е загрижувачка.












