петок, јули 24, 2026
Дома СВЕТ Кремљ „ја менува плочата“ за Унгарија?

Кремљ „ја менува плочата“ за Унгарија?

225
Фото: EPA/Robert Hegedus HUNGARY OUT

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека Русија е подготвена за прагматичен дијалог со Унгарија и оцени дека подготвеноста е взаемна.

„Засега, со задоволство можеме да забележиме, доколку разбираме, подготвеност за прагматичен дијалог. Во овој случај, имаме взаемна подготвеност“, рече Песков, пренесува агенцијата РИА Новости.

Агенцијата потсетува дека Петер Маѓар, лидер на партијата Тиса, која победи на унгарските избори во неделата, изјавил дека ќе одговори доколку рускиот претседател Владимир Путин го повика, но дека нема намера прв да го побара.

Песков денес изјави дека, сепак, мора да се почекаат првите конкретни чекори на новата унгарска влада.

„По победата на изборите, г-дин Маѓар даде бројни изјави и одржа бројни прес-конференции. Да почекаме да се формира нова влада во Унгарија. Да ги почекаме првите конкретни чекори. А потоа ќе се водиме од конкретните чекори на новата унгарска влада“, рече Песков.

На парламентарните избори одржани во неделата во Унгарија, победата ја извојува партијата Тиса, победувајќи ја партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан.

Според прелиминарните резултати, Тиса освои 138 од 199 места во парламентот, додека партијата Фидес освои 54 места.

ИЗДВОЕНИ