Кога ќе се спојат на најдобар начин долгогодишното естрадно искуство и младоста, се добива фантастичен дует. Станува збор за една од кралиците на македонската фолк-сцена, Благица Павловска, и релативно новата, но веќе многу популарна македонска поп-пејачка, сексапилната Антониа Гиговска. И двете имаат една иста провокативна поза, во описот на заедничка фотографија. – Дали сте подготвени? Што мислите, кој ќе биде вториот гостин во песнава, освен Благица? Со новата песна ви го најавувам вториот албум и едвај чекам да ги чуете сите песни, нагласи Антониа.
Новиот албум на Антониа е веќе во финална фаза. Обожавателите веднаш почнаа со претпоставки за мистериозниот трет изведувач, а коментарите се преплавени со имиња од домашната и од поранешната југословенска сцена. Некои ја споменуваат дури и Јелена Карлеуша, а некои и Марија Шерифовиќ. Но, останува да се стрпиме. Како и да е, провокацијата е добро осмислена, а за песната која уште не е промовирана, владее прилично голем интерес. Така се работи тоа во шоу-бизнисот. Силно да го заинтересираш слушателот! (Д. М.)












