сабота, септември 12, 2026
Дома СВЕТ Кремљ: Ако Зеленски сака средба со Путин, треба да дојде во Москва,...

Кремљ: Ако Зеленски сака средба со Путин, треба да дојде во Москва, покананата останува отворена

0
Фото: EPA/ALEXANDER KAZAKOV/SPUTNIK/KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Доколку украинскиот претседател Володимир Зеленски навистина сака да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, може да дојде во Москва – поканата останува отворена, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Одговарајќи на изјавата на Зеленски дека е подготвен да се сретне со Путин на претстојниот самит на Г20 во САД, Песков истакна дека Путин претходно го поканил Зеленски на средба во Москва и додаде дека сè уште не се знае дали Путин ќе патува на самитот на Г20, пренесува „Спутник“.

„Мислам дека сите се поканети, освен, за жал, Јужна Африка. Но, за тоа дури и не се разговарало. Работата се одвива на експертско ниво. Нашите експерти исто така постојано работат на документи за претстојниот самит. Со други зборови, сè тече по вообичаениот тек. Што се однесува до можноста Путин да патува таму, за тоа прашање воопшто не сме разговарале“, рече Песков, напоменувајќи дека Путин и Трамп неодамна разговарале телефонски на „срдечен и конструктивен“ начин, пренесе „Танјуг“.

Претходно денеска, Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г20 во Мајами, доколку добие покана.

Обновувањето на трговската и економската соработка со САД би донело значителни придобивки и за Русија и за САД, но во моментов не постојат заеднички механизми за тоа, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Засега нема соработка со Американците. Постојат тековни американски мировни напори – за кои сме многу благодарни – кои неодамна се интензивираа. И искрено се надеваме дека овие напори ќе вродат со плод“, истакна Песков, како што пренесува „Спутник“.

Тој посочи дека во овој момент не постојат механизми за соработка, ниту се реализирани заеднички проекти, иако има компании заинтересирани за трговски и економски проекти. „Ќе видиме дали тоа ќе се случи пред да се постигне решение за Украина или не. Логиката на настаните секако сугерира дека трговската, економската и инвестициската соработка треба да се обноват што е можно поскоро. Сепак, слушнавме изјави од г-дин [министерот за финансии на САД, Скот] Бесент, кои укажуваат дека прво мора да се дојде до решение, а потоа да следи соработка. Па, ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата“, изјави Песков, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ