вторник, септември 8, 2026
Дома МАГАЗИН Кралот Чарлс Трети ја шокира јавноста: Хари и Меган ќе останат приватни...

Кралот Чарлс Трети ја шокира јавноста: Хари и Меган ќе останат приватни лица, без кралски должности

0
Фото:википедија

Британскиот крал Чарлс Трети денес изјави дека војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл, ќе останат приватни лица по враќањето во Обединетото Кралство и нема да извршуваат официјални кралски должности.

Хари и Меган се повлекоа од своите улоги како активни членови на кралското семејство во 2020 година, кога се преселија во Канада, а потоа во Калифорнија, каде што живееја шест години, објави „Скај њуз“.

Кралот Чарлс му нареди на лордот Чемберлен да контактира со владините институции и војската откако беа поднесени барања за разјаснување на нивниот официјален статус откако двојката се врати минатиот месец, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ