Женската кошаркарска репрезентација на Македонија со пораз ги започна претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. На гостувањето кај Романија, нашиот национален тим беше совладан со убедливи 73:52.

Македонија настапи со значително подмладен состав, а лошиот почеток беше пресуден за конечниот исход. Првата четвртина донесе големи проблеми во нападот, па избраничките на нашиот селектор постигнаа само четири поени, наспроти 21 на домашната селекција.

Сепак, македонските кошаркарки не се предадоа и во продолжението покажаа дека можат да бидат конкурентни. Особено добра беше третата четвртина, која ја добија со 21:10 и успеаја да ја намалат негативата.

Димова со 11 поени беше најефикасна во македонскиот состав, додека Адамовска го заврши натпреварот со 10 поени.

Новиот предизвик за Македонија следува на 14 ноември, кога во спортскиот центар „Џексон“ во Штип ќе ја пречека селекцијата на Естонија. Натпреварот ќе започне во 18 часот, а македонските кошаркарки ќе имаат можност пред домашната публика да го поправат впечатокот.

ИЗДВОЕНИ