четврток, ноември 12, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Сè гради производствен комплекс во Бих на 20.000 квадратни метри: РАБОТНИЦИТЕ ЌЕ...

Сè гради производствен комплекс во Бих на 20.000 квадратни метри: РАБОТНИЦИТЕ ЌЕ ПРИМААТ 14 ПЛАТИ

1

Во Горњи Вакуф-Ускопље, БиХ, при крај е изградбата на голем производен комплекс на компанијата „Austro Panel“ – инвестиција вредна приближно 30 милиони евра. Компанијата неодамна привлече внимание со најавата дека на своите вработени ќе им обезбеди 14 плати годишно.

Објектот претставува фабрика за сендвич-панели, каде производната хала зафаќа површина од 20.000 квадратни метри, а се очекува новиот погон да вработи нешто повеќе од 100 луѓе.

Директорот на фабриката, Дарко Јуричиќ, претходно изјави дека „Austro Panel“ ќе примени модел на наградување по австриски терк. Според неговата најава, работниците ќе добиваат тринаесетта плата во јуни и четиринаесетта во декември, пренесува BiznisInfo.ba.

За отворените работни места пристигнале околу 350 пријави, од кои околу 150 се од странство. Значителен број од новите вработени се лица кои се вратиле во БиХ од земјите на Европската унија.

Фабриката ќе произведува сендвич-панели што се користат при изградба на индустриски и други видови објекти. Како што претходно објави BiznisInfo.ba, производниот капацитет е веќе целосно пополнет преку склучени договори со клиенти и партнери ширум Европа.

Мнозински сопственик на компанијата „Austro Panel“ е Стјепан Крајина, кој е роден во Австрија, а по потекло е од Босна и Херцеговина. Партнери од Германија и Австрија поседуваат малцински удели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Uskoplje.info (@uskoplje.info)

ИЗДВОЕНИ