Сопственикот на кошаркарскиот клуб Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, беше вклучен во сообраќајна несреќа. Како што пишуваат грчките медиуми, сè се случило на 9 јуни, а најважно од сè, нема повредени.
Возилото што го управувал Јанакопулос се судрило со друг автомобил. Пријавена е само материјална штета.
Самиот Јанакопулос проговори за несреќата и ги информираше своите следбеници за тоа на социјалните мрежи, видливо вознемирен.











