четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Конкретни услови за инклузивно образование на учениците со попреченост

Конкретни услови за инклузивно образование на учениците со попреченост

25

Општина Ѓорче Петров обезбеди просторни и технички услови за реализација на наставата во основното училиште со ресурсен центар „д-р Златан Сремец“, кое функционира во рамки на ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“.

-Станува збор за една од првите вакви практики на локално ниво во Република Македонија, со која се унапредуваат условите за инклузивно образование и се овозможува соодветна поддршка за учениците со попреченост – соопштија од локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски истакна дека оваа иницијатива е јасен показател дека инклузијата не треба да остане само декларативна, туку да се преточи во конкретни услови и поддршка на терен.

-Создаваме средина во која секое дете има еднаква шанса за развој и пристап до образование, без разлика на предизвиците со кои се соочува – посочи Стојкоски.

Соработката помеѓу Општината и ОУРЦ „д-р Златан Сремец“ е формализирана со меморандум потпишан во 2024 година, со што се воспоставува континуирано партнерство насочено кон обезбедување стручна и институционална поддршка.

Од Општината најавуваат дека ќе продолжат со активности насочени кон унапредување на инклузивните политики и создавање услови за квалитетно образование за сите ученици.

ИЗДВОЕНИ