Голема сензација се случи во светот на атлетиката. Прекината е речиси тригодишната победничка серија на Арманд „Мондо“ Дуплантис. Апсолутниот крал на скок со стап беше поразен пред својата домашна публика во Шведска, со што заврши неговата серија од 40 последователни победи. Дуплантис не загубил на официјално натпреварување од Монако на 21 јули 2023 година.

Големото изненадување го приреди 29-годишниот Австралиец, Куртис Маршал. Бронзениот медалист од последните две светски првенства ја искористи ретката можност и го запре шведскиот феномен. Клучниот момент дојде откако Дуплантис скокна 5,80 метри без никакви проблеми.

Тој одлучи тактички да ја изостави висината од 5,90 метри, што Маршал го искористи и ја прескокна во третиот обид. Во обид да ја спаси победата, Дуплантис ја постави летвата на 6,00, а потоа на 6,05 метри. Сепак, тој беше неуспешен во сите три обиди на тие височини, што го потврди триумфот на пресреќниот Маршал. Ова беше редок пораз за инаку недопирливиот Дуплантис што ќе се памети во историјата на кралицата на спортовите.

ИЗДВОЕНИ