Поради раната елиминација од Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ загуби 700 поени и падна за три позиции на најновата АТП-листа. Сега е седми и тоа значително ја комплицира ситуацијата пред Вимблдон (од 29 јуни до 12 јули).
Новак ќе биде шести носител на турнирот во Лондон бидејќи Карлос Алкарас нема да игра и на третиот гренд слем во сезоната, иако би можел да падне и понатаму на листата во зависност од резултатите. Новак сè уште не потврдил дали ќе игра на еден од подготвителните турнири за тревна подлога или само на егзибицискиот турнир што традиционално се одржува пред почетокот на натпреварувањето.
Доколку не игра за поени, постои можност да го изгуби седмото место, бидејќи има 3.760 поени, исто колку и Русинот Данил Медведев. Тејлор Фриц е зад него со 3.720, додека финалистот на Ролан Гарос, Флабио Коболи, сега има 3.540. Значи, во најлош случај, би можел да падне на 10. позиција.
Дури и да е шести или седми носител, тоа значително ја комплицира ситуацијата на ждрепката, па теоретски би можел да се судри со Јаник Синер или Саша Зверев во четвртфиналето. Ситуацијата сега станува многу покомплицирана, но многу ќе биде појасно кога самиот Србин ќе потврди каде ќе игра пред Вимблдон. И покрај сите овие компликации, Новак останува еден од фаворитите за трофејот. И поради фактот што таму освои седум пехари, и затоа што се игра многу побрзо отколку на париската земја и заморот е помал.












