петок, јули 24, 2026
Дома СКОПСКА Концерт со млади бендови и рок-класици

Концерт со млади бендови и рок-класици

32

В недела, со почеток во 20:00 часот, на отворената сцена во Паркот на Франкофонијата, ќе се одржи концертот „Ви вил рок ју“, во рамки на Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година.

Од Општина Центар велат дека станува збор за уникатен музички настан со 120 минути програма и изведба на 29 композиции на најпознатите светски рок-класици. Секој хит ќе биде интерпретиран од различен ученички бенд, со свежа енергија, нови гласови и сценски настапи кои носат младешка сила и автентичен музички  израз.

– Сакаме да ја заживееме рок-културата во градот, да им дадеме простор на младите музичари да покажат што знаат, да го развиваат својот талент и да градат самодоверба на сцена. Верувам дека настанот ќе има одличен одѕив не само кај помладата публика туку и кај повозрасните генерации, бидејќи станува збор за вистинска рок-лектира што сите ја препознаваат – истакна градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Концертот е во организација на музичкото училиште „Ентерпрајз“, првото и најголемо рок-училиште во Македонија, под водство на Валентино Скендеровски. Училиштето повеќе од две децении работи на развој на млади музички таленти и сценска култура.

Концертот е бесплатен и  отворен за сите посетители.

ИЗДВОЕНИ