сабота, февруари 14, 2026
Дома LIFE Колорадо ја легализираше употребата на психоделици за лекување на ментални болести

Колорадо ја легализираше употребата на психоделици за лекување на ментални болести

82

Колорадо стана втората американска сојузна држава која ја легализираше психоделичната терапија, а апликацијата за овој вид третман ќе започне оваа недела, објави денеска АП.

Жителите на Колорадо гласаа на референдум во 2022 година за легализирање на терапевтската употреба на псилоцибин, хемиско соединение кое се наоѓа во психоделичните печурки.

Одлуката стапи на сила оваа недела и Колорадо стана втората држава по Орегон која ја легализираше употребата на псилоцибин за лекување на состојби како депресија и посттрауматско стресно нарушување (ПТСН).

ИЗДВОЕНИ