сабота, август 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Колони на Табановце и Богородица: Се чека до 30 минути на граница

Колони на Табановце и Богородица: Се чека до 30 минути на граница

0

Зголемена е фреквенцијата на возила на патиштата низ земјава, а задржувања утрово има на граничните премини Табановце и Богородица.

Според информациите од Авто-мото сојузот на Македонија, на Табановце се чека околу 30 минути за влез во Македонија, додека на Богородица задржувањето за излез од земјава е околу половина час.

На другите гранични премини од македонска страна сообраќајот се одвива без подолги задржувања.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, а интензитетот надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ апелира возачите да ја приспособат брзината според условите на патот и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација. Поголемо внимание се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите поради можноста за одрони.

Како делници на кои е потребна дополнителна внимателност се посочуваат Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ИЗДВОЕНИ