петок, август 7, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА При гаснење на пожар во струшко, изгоре противпожарен камион – двајца пожарникари...

При гаснење на пожар во струшко, изгоре противпожарен камион – двајца пожарникари се повредени

15

При гаснење на пожар во струшкото село Долна Белица, огнот зафатил и сериозно оштетил противпожарно возило на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струга, при што бил избегнат многу посериозен инцидент.

Во несреќата се повредени двајца пожарникари, кои биле пренесени во болница за укажување лекарска помош.

Иако материјалната штета на возилото е значителна, најважно е што нема потешки последици по човечките животи. Противпожарните екипи и понатаму остануваат на терен во справувањето со пожарите.

 

ИЗДВОЕНИ