петок, август 7, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ангелов: Состојбата со водата во Гостивар постепено се стабилизира, најверојатно ќе биде...

Ангелов: Состојбата со водата во Гостивар постепено се стабилизира, најверојатно ќе биде дозволена за пиење од идната недела – дотогаш само како техничка

0

Состојбата со водата во Гостивар постепено се стабилизира, бројот на бактерии е значително намален, но водата се уште не е подобна за употреба како вода за пиење и останува забраната за нејзино пиење и готвење, изјави вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, кој воедно е и шеф на Кризниот штаб формиран од Владата.

Според него, водата може да користи како техничка вода, но Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е таа која што ќе каже кога водата ќе биде добра за пиење. Ангелов изрази оптимизам и најави дека најверојатно водата ќе биде дозволена за пиење наредната недела, ако резултатите останат вакви какви што се сега.

Во однос на присуството на бактерија од застоена вода во водоводот, Ангелов во интервјуто за ТВ Канал 5 рече дека во јавноста настанало недоразбирање бидејќи количината на таа бактерија била многу ниска, но сепак ја прави водата непогодна за пиење, но не и опасна за граѓаните за користење како техничка вода. Од друга страна, вели тој, поради хиперхлорирањето што трае веќе подолго време состојбата е значително подобрена, но откако ќе се утврди во неколку резултати последователно, барем три дена, дека нема присуство на каква било бактерија, односно дека водата е микробиолошки исправна, треба да се почека вишокот на хлор што е намерно вметнат да ги убие бактериите, да се доведе на нормала и дури тогаш АХВ ќе утврди дали водата е погодна за пиење или не.

Во истиот момент граѓаните, според Ангелов, ќе се соочат со основниот проблем – а тоа е малата количина во водоводниот систем во Гостивар.

„Се започнува од овој проблем. Нема доволно вода во водоводниот систем поради што и неколку лица од „Водовод“ ги ставиле несреќно оние цевки во отворена вода за дотур на вода во Градскиот водовод“, – рече директорот на ДСЗ, кој смета дека треба да се провери зошто водоводот во Гостивар не бил реконструиран досега.

Тој вели дека е повеќе од сигурен дека некој ќе сноси кривична одговорност, бидејќи има лица кои беа приведени и се во притвор.

ИЗДВОЕНИ