Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, смета дека трката за Големата награда на Австралија, со која стартува новата сезона во Формула 1, нема да одлучи кој е фаворит за титулата оваа сезона.

Пред отворањето на сезоната во Алберт Парк, Пјастри нагласи дека редоследот на силите на почетокот на шампионатот не мора да значи и конечен исход на крајот од долгата сезона.

– Мислам дека, во моментов, сме во игра. Наскоро ќе знаеме точно каде сме, но не верувам дека сме во позицијата во која бевме пред 12 месеци, кога чувствувавме дека сме најсилни, рече австралискиот возач, како што објави „Скај спортс“.

Директорката на Мекларен, Андреа Стела, претходно процени дека Мерцедес и Ферари, кои се сметаат за главни фаворити според обложувалниците, се „чекор понапред“ од Мекларен и Ред Бул по претсезонските тестирања во Бахреин.

Мекларен влегува во сезоната како двократен шампион кај конструкторите по ред, додека колегата на Пјастри, Ландо Норис, е актуелен светски шампион кај возачите и победник на минатогодишната трка во Мелбурн.

Пјастри верува дека клучот за успех во новите технички прописи ќе биде брзината на адаптацијата во текот на целата година.

  • Оваа сезона нема да биде добиена според тоа кој е најбрз на првата трка. Ќе има многу развој и учење, особено за нас возачите. Кој ќе се адаптира најбрзо во долгата сезона, тој ќе биде победник на крајот, додаде Пјастри.

Австралиецот додаде дека верува во способноста на својот тим да реагира брзо, дури и ако почетокот на викендот не е идеален.

  • Секојпат кога има промена на правилото, постојат различни насоки на развој. Ќе биде интересно да се види која е најдобар, но знам колку е способен нашиот тим, особено инженерскиот оддел, брзо да ги сврти работите, заклучи Пјастри.

Новата сезона во Формула 1 шампионатот стартува овој викенд со трката за Големата награда на Австралија.

 

ИЗДВОЕНИ