Конечно, од Шпанија пристигнуваат информации за повредата на Карлос Алкарас и за неговото евентуално враќање на теренот. Вториот светски тенисер веќе некое време тренира подалеку од очите на јавноста, но добро информиран извор тврди дека Алкарас го отстранил завојот од својот повреден зглоб и дека оваа недела е клучна во процесот на закрепнување.

Шпанецот и неговиот тим не сакаа да ризикуваат ништо и недолго по објавата дека нема да игра на Ролан Гарос, беше донесена одлука да го пропушти Вимблдон.

Најновите вести покажуваат дека тој влегол во клучна фаза во која ќе се утврди кога ќе биде подготвен повторно да се натпреварува. Зглобот е многу чувствителна област, а тимот на Карлос работи внимателно за да спречи какви било непредвидени компликации.

Пред неколку дена, тој беше виден како тренира без никаква заштитна опрема на зглобот, што беше протолкувано како чекор напред. Ова сега го потврди Хавиер де Диего од Радио Национал де Еспања.

Наредните неколку дена ќе бидат клучни за процената како напредува Алкарас во закрепнувањето. Тој треба да ја избегне судбината на Хуан Мартин дел Потро и на Доминик Тим, кои не ја залекуваа повредата на зглобот навреме, што им предизвика огромни проблеми во остатокот од кариерата.

Во случајот на играч што веќе се смета за еден од најголемите што се појавиле некогаш во тенисот, беше јасно дека сè мора да се направи со најголема претпазливост.

Можеби отстранувањето на завојот звучи како мал детаљ во моментов, но неговиот зглоб беше заштитен и имобилизиран со недел. Сега ситуацијата очигледно се подобрува. Секако, се очекува таборот на Шпанецот да објави поконкретни информации.

ИЗДВОЕНИ