Европската ракометна федерација (ЕХФ) официјално го објави списокот на учесници за следната сезона во Лигата на шампиони.
Македонија и во новата сезона ќе има свој претставник, овој пат тоа е најтрогејниот македонски ракометен клуб Вардар, кој доби вајлд-карта за да биде дел од најсилното клупско ракометно натпреварување.
Вардар е двократен европски шампион, првата титула ја освои во 2017 година, а втората во 2019 година и има три учества на фајнл-фор завршницата.
Последен пат Вардар играше во елитното натпреварување во сезоната 2021/22, ја мина групната фаза и беше елиминиран од Веспрем во плеј-офот.

Потврда за учество во Лигата на шампионите, доби и поранешниот тренер на „црвено – црните“ Шпанецот Раул Гоназлес, кој во новата сезона, во елитното натпреварување ќе го предводи српскиот шампион Партизан.
Лигата на шампиони од следната сезона ќе брои 24 тима, кои ќе бидат поделени во шест групи со по четири екипи, ќе се игра двокружен систен. Првопласираните и второпласираните од секоја група ќе продолжат понатаму, додека последните две ќе играаат во Европската лига.
Ждрепката е закажана за 26 јуни во Виена.












