четврток, февруари 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се вклучува во третман на поврдените во пожарот...

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се вклучува во третман на поврдените во пожарот во Кочани – веќе е направен прием на тешко повредени пациенти

75
Фото:фб

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ соопшти дека со сите свои ресурси се става на располагање за транспорт и прифаќање на повредените лица во трагичната несреќа во Кочани.

-Ве известуваме дека веќе е направен прием на тешко повредени пациенти во болницата. Нашите три амбуланти возила се во постојана комуникација со медицинските центри од Штип и Кочани од каде ќе се преземаат тешко повредени пациенти, наведуваат од болницата.

На располагање се 20 интензивни места за третман на најкритичните пациенти, како и целокупниот капацитет и медицински тим на болницата неопходен за итен третман.

ИЗДВОЕНИ